Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Реконструкцијата на Владата е само „нова амбалажа за ист производ со поминат рок“

    СДСМ: Реконструкцијата на Владата е само „нова амбалажа за ист производ со поминат рок“

    22.06.2026 во 13:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Организираната криминална група ВМРО гордо соопшти дека завршиле првичните разговори за реконструкција на Владата. Исто како да го реконструираат Титаник, а не Влада. Рокот истекол, резултатот го знаеме, велат од СДСМ .

    „По долги и „конструктивни“ разговори, дојдоа до епохално откритие: ќе сменат неколку министри или ќе направат рокади на ресори.
    За да оваа Влада доживее вистинска реконструкција, прво би требало да го реконструираат премиерот.

    Затоа што токму тој ја води Владата, исто како што ја води и партијата. Значи – фан-клуб. Како во партијата, така и во Владата.

    Реконструкцијата, според нив, ќе донесе „повеќе одговорност, ефикасност и резултати“. Што во превод значи: ќе ги сменат оние што веќе не можат да се бранат и ќе доведат нови кои уште не се истрошени.

    ЗНАМ, здружението кое повеќе не постои, сега треба да предложи „нови“ лица. Прашањето е само дали ќе биде Максо, или ќе го рециклираат некој стар што веќе го видовме во друга улога.

    Целта на целата операција е јасна: да се продаде илузијата дека нешто се менува, додека тендер коалицијата продолжува да функционира како и досега. Нова амбалажа, ист производ со поминат рок.

    Додека тие се занимаваат со преуредување на фотелји, граѓаните се занимаваат со тоа како да стигнат до крајот на месецот.

    Но, според Владата, тоа е „личен проблем“ на граѓаните, а не државен.

    На крајот, сè ќе биде како и досега – само со нови имиња и нови изјави за „историски момент“.

    А граѓаните ќе продолжат да чекаат Влада која работи за нив, а не за себе“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.