На триесет и двегодишниот Тони Ташев итно му е потребна финансиска помош од граѓаните за да замине на оперативен зафат, откако болеста со која претходно се изборил повторно се вратила.
Тони веќе еднаш се соочи со тумор на мозокот, по што помина низ хируршка операција, зрачење и тешки хемотерапии. Сепак, последните медицински прегледи покажаа дека се соочува со рецидив и прогресија на болеста, што кај него предизвикува физичка слабост и губење на рамнотежата.
Лекарите препорачуваат итна оперативна интервенција, но цената на операцијата изнесува повеќе од 10.000 евра. Ова е сума која неговото семејство не е во можност самостојно да ја обезбеди, поради што е упатен јавен апел за солидарност.
За донирање средства и поддршка на кампањата, отворена е посебна електронска страница преку платформата „ecrowd“ на следниот линк: https://ecrowd.mk/projects/adadf669-c0c5-4539-b603-9113fbb2645b.
Организаторите на акцијата потенцираат дека времето не е на негова страна и повикуваат на масовно споделување на информациите, бидејќи секоја поединечна донација претставува чекор поблиску до обезбедување на потребниот медицински третман.

