Close Menu
Press24
    Најново

    Масовен напад со дронови врз Москва: Затворени четири аеродроми

    22.06.2026 во 09:03

    СДСМ: Владата со реконструкцијата сака да ги замачка очите на граѓаните

    22.06.2026 во 09:03

    Жена со тврд предмет нападнала пензионерка во скопско

    22.06.2026 во 08:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Масовен напад со дронови врз Москва: Затворени четири аеродроми
    • СДСМ: Владата со реконструкцијата сака да ги замачка очите на граѓаните
    • Жена со тврд предмет нападнала пензионерка во скопско
    • Три напади во Центар за неколку часа – Меѓу претепаните и малолетници
    • Крвава драма во Македонија: Се степале па го избодел со нож
    • Ужас во Скопје: Ја следел и се самозадоволувал пред неа
    • Починат маж пронајден во стан во Скопје
    • Светски експерти за религија и мир во Скопје – Четврта светска конференција за религиски дијалог и соработка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата со реконструкцијата сака да ги замачка очите на граѓаните

    СДСМ: Владата со реконструкцијата сака да ги замачка очите на граѓаните

    22.06.2026 во 09:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Организираната криминална група ВМРО и нејзината тендер коалиција со ЗНАМ завршија со првичните разговори за реконструкција на Владата. Сега следуваат „финални консултации“. Преведено на јазикот на реалноста: тендер коалицијата се префарба за да продолжи со истата политика на криминални тендери, задолжувања и изолација – се вели во соопштението од СДСМ.

    ЗНАМ, приватно здружение на Максим Димитриевски финансирано од Мицкоски, како партнер кој повеќе не постои во вистинска смисла на зборот, сега треба да се појави со „нови“ лица. 

    Прашањето е: кого да вметнат кога веќе нема никого? Можеби Максо? Тој е нов.

    Целта на оваа реконструкција не е подобра Влада. Целта е мачкање очи на граѓаните и продолжување со криминалните тендери, зачувување на коруптивните мрежи и купување на уште малку време. Сè друго е шарена лага за граѓаните.Додека Организираната криминална група ВМРО се занимава со преуредување на фотелји, економијата е во тешка криза. 

    Буџетот е пред колапс, странските инвестиции се намалени за 60%, македонските работници се со најниски плати во Европа, младите масовно ја напуштаат земјата. Нема зголемување на минималната плата на 600 евра, цените отидоа до плафон, а потрошувачката кошничка достигна 70.000 денари само за основни потреби. 

    Наместо да се соочат со овие проблеми, тие прават театар наречен реконструкција.

    Оваа Влада не може да се реформира. Таа може само да се маскира. И токму тоа го прави сега – со нови министри од истата тендер коалиција, со истите криминални практики и со истата политика која ја турка Македонија во изолација и сиромаштија.

    Граѓаните не сакаат нови министри, тие сакаат крај на криминалните тендери, крај на лажењето и крај на политиката која ја уништува државата.

    Оваа Влада може да доживее реформа само кога ќе се реформира правосудството, кога ќе има европско обвинителство и кога ќе одговараат за криминал и корупција. 

    Таа реформа ја чекаат граѓаните и тоа време набрзо доаѓа.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Жена со тврд предмет нападнала пензионерка во скопско

    22.06.2026 во 08:57

    Три напади во Центар за неколку часа – Меѓу претепаните и малолетници

    22.06.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.