Дел од корисниците во општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 09:00 до 14:00 часот, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Прекин во снабдувањето ќе има на дел од улицата „Ангел Динев“, каде е опфатено и Основното училиште „Димо Хаџи Димов“, потоа на дел од улицата „Мраморец“ со броевите 7, 9, 11, 13, 15, 17, 19, 21, 23, 25, 27, 29, 52, 53, 55, 57 и 59, како и на дел од улицата „Есперанто“.
Од надлежните информираат дека прекинот е поради планирани активности во електродистрибутивната мрежа.

