На граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ утринава има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, а времето на чекање е околу 30 минути, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од населените места е умерен.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патните правци низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за појава на одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

