Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Измерени 9 степени во 17 часот во Македонија – еве каде беше најтопло
    • Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи
    •  Во недела е тежок празник и строг пост
    • Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца
    • Земјотрес ја погоди Црна Гора
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче за 2 години Влада: 90% од ветувањата на Мицкоски не се исполнети!

    Филипче за 2 години Влада: 90% од ветувањата на Мицкоски не се исполнети!

    21.06.2026 во 12:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ која ги потврдува неиполнетите ветувања и покажува дека  граѓаните не го добија ветениот подобар живот односно дека владата нема никаков резултат.

    „После две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту пак пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани“, порача Филипче.

    Тој нагласи дека анализата на СДСМ за реализацијата на програмата „Платформа #1198“ покажува поразителни резултати.

    „Имено после две години од мандатот на оваа влада реализирани се само околу 10% од ветувањата. 90% од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо“, истакна Филипче.

    Најголемиот неуспех е токму во економијата и животниот стандард, кои беа клучни ветувања на Мицкоски пред изборите.

    „Денеска, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба од пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни“, рече Филипче.

    Тој додаде дека наместо повисоки плати и подобри услови за живот, граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, високи цени и намалени инвестиции.

    „Наместо зголемен стандард, работниците добија зголемена сиромаштија. Наместо зголемување на странските инвестиции, странските инвестиции се намалени за скоро две третини“, посочи Филипче.

    Филипче оцени дека по две години владеење, Владата на Мицкоски нема резултати во клучните области и дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од неисполнетите ветувања.

    „Остварените резултати се една голема нула. Во реформи, во животен стандард, во плати, во мерки за млади, поддршка за земјоделци, за наставници, за лекари, едноставно нула за европскиот пат“, порача претседателот на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Измерени 9 степени во 17 часот во Македонија – еве каде беше најтопло

    24.09.2026 во 20:09

    Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи

    24.09.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.