Вистински финансиски шок претрпуваат семејните буџети во Македонија, каде за само еден месец преживување се потребни астрономски суми на пари.
Најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека четиричлено семејство во јуни мора да потроши најмалку 68.654 денари за основни потреби.
Состојбата е уште поалармантна за оние граѓани кои немаат сопствен дом и мораат да издвојуваат дополнителни средства за месечен закуп.
Доколку семејството живее под кирија во просечен стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни трошоци за преживување достигнуваат дури 84.024 денари.
Во споредба со претходниот месец мај, кога минималната кошница изнесуваше 68.742 денари, во јуни е забележано симболично намалување од само 88 денари.
- „На едно четиричлено семејство во Македонија во јуни му биле потребни најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци, покажуваат најновите податоци од синдикалната минимална кошница што ја објави Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни трошоци достигнуваат 84.024 денари. Во споредба со мај, кога минималната кошница изнесуваше 68.742 денари, во јуни е забележано мало намалување од 88 денари“, соопштија од ССМ.

