Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Нов театар на тендер коалицијата

    СДСМ: Нов театар на тендер коалицијата

    20.06.2026 во 11:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека граѓаните на Македонија секојдневно се соочуваат со економски колапс, бран поскапувања и драматично зголемување на сиромаштијата, власта прави театар со најавената реконструкција.

    Од опозициската СДСМ утринава обвинија дека средбите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не се ништо друго освен обична козметичка операција и обид за мачкање очи на јавноста.

    Според Бихаќка, новата коалициска средба се случува во моменти кога партијата ЗНАМ се распаѓа, иако нивните кадри самите за себе тврдат дека „одлично работат“.

    Опозицијата потенцира дека дури и самиот премиер Христијан Мицкоски јавно признал дека неговите функционери повеќе се грижат за фотелјите отколку за реалните маки на луѓето.

    Од СДСМ порачуваат дека додека државата се соочува со пад на инвестициите од 60 отсто и целосно потрошен буџетски дефицит, власта продолжува неодговорно да си игра со министерските позиции.

    Интегралното соопштение од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ ви го пренесуваме во продолжение, прецизно по пасуси:

    „Додека граѓаните се соочуваат со економски колапс, поскапувања, зголемување на сиромаштијата, организираната криминална група ВМРО и ЗНАМ продолжуваат со театарска претстава наречена „реконструкција на Владата“, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално.

    Денесја е закажана нова средба, меѓу ВМРО и ЗНАМ – непостоечко здружение, сателит на Мицкоски кое се распаѓа, и кои за себе велат дека нивните кадри „одлично работат“.

    Во исто време, Мицкоски на роденденската прослава на својата партија призна дека функционери кои повеќе се грижат за своите позиции отколку за граѓаните, дека се недостапни и далеку од реалните проблеми на луѓето.

    Изгледа дека функционерите го презеле моделот на однесување од Мицкоски. Ова таканаречената реконструкција не е ништо друго освен козметичка операција и обиди за мачкање очи на јавноста.

    Наместо да се соочат со вистинските проблеми кои ги мачат граѓаните, економскиот колапс, падот на инвестициите за 60 отсто, буџетскиот дефицит кој е скоро целосно потрошен, и масовното заминување на младите – власта продолжува да си игра со министерски фотелји. Како да постои некаква разлика, со оглед на тоа што Мицкоски сѐ води сам, исто како и во својата партија.

    Реконструкција без вистински реформи, без одговорност… е само нова шминка. Граѓаните не сакаат „нови“ министри кои ќе продолжат со истата политика на долгови, изолација и сиромаштија.

    Сакаат вистински резултати и вистинска одговорност. ВМРО и ЗНАМ можат да си менуваат министри колку сакаат. Проблемот не е само во луѓето на фотелјите – проблемот е и во политиката која ја водат а тоа со нив не се менува.“

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.