Close Menu
Press24
    Најново

    Двајца патници тешко повредени во автобус во Свети Николе

    04.05.2026 во 13:51

    „Сопругот ме силуваше“ – кумановец кривично ќе се гони

    04.05.2026 во 13:48

    Кривични пријави за четири малолетнички по насилството врз девојче во Ѓорче Петров, ќе одговараат и родителите

    04.05.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Двајца патници тешко повредени во автобус во Свети Николе
    • „Сопругот ме силуваше“ – кумановец кривично ќе се гони
    • Кривични пријави за четири малолетнички по насилството врз девојче во Ѓорче Петров, ќе одговараат и родителите
    • Избувна голем пожар во Визбегово: Горат автомобили, противпожарните екипи на терен
    • Осум дена притвор за член од обезбедувањето на Мицкоски, ја натепал сопругата
    • Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски 
    • Митко Чавков излезе од затвор: Поранешниот министер пуштен на условен отпуст
    • Манасиевски: Филипче и СДС се проевропски само на хартија, во реалноста соработуваат со проруски бизнисмени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче бара итни анализи од странска лабораторија по пожарите

    Филипче бара итни анализи од странска лабораторија по пожарите

    15.09.2025 во 14:07Updated:15.09.2025 во 14:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека по пожарите во депониите Дрисла и Вардариште, и последниот во Трубарево, потребни се итни анализи на почвата, воздухот и водата, од страна на странска акредитирана лабораторија.

    Филипче предупреди дека мора да се направи испитување на квалитетот на водата за пиење.

    „Сите изотопи кои што не се растворливи во вода ќе се детектираат. И тоа сметам дека час поскоро треба да го направи некоја странска акредитирана лабораторија, да не сведочиме на овие смешни изговори на Институтот за јавно здравје“, рече Филипче.

    Овие анализи, како што кажа Филипче, се важни бидејќи по вакви пожари постои ризик да е загадена почвата каде што има земјоделски производи. 

    „Треба да се измери количината на диоксини, на фурани, на јаглеводородни честички во воздухот, не само на ПМ честичките. Треба да се испита количеството на тешки метали во земјата – никел, кадмиум, олово. Зошто е тоа важно? Поради тоа што можат тие тешки метали да влезат во синџирот на исхрана“, .

    Венко Филипче, Претседател на СДСМ

    За во иднина да се спречи нова еколошка катастрофа, Филипче нагласи дека е потребна итна детална анализа на сите институции и на сите депонии кои што работат во земјава. Ова, како што рече, е важно за да се превенира евентуална следна криза.

    „Имаат ли сите депонии лиценци? Сите ли се на доволна оддалеченост од населените места? Работи ли некој нелегално со отпад? Од каде се увезува отпад во земјава? Конечно, да знаеме што се случува во тој сектор. Што направи Владата по тоа прашање? Ништо“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски 

    04.05.2026 во 12:58

    Манасиевски: Филипче и СДС се проевропски само на хартија, во реалноста соработуваат со проруски бизнисмени

    04.05.2026 во 12:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.