Close Menu
Press24
    Најново

    Минчев најави коренити реформи: Крај за долготрајните ВД директори и кратење на членовите во управните одбори

    19.06.2026 во 13:18

    Паднаа градежен инспектор и раководител – едната се потпишала како градоначалник за да спаси дивоградба од рушење

    19.06.2026 во 13:02

    Претседател и секретар во Валандово правеле лажни клубови и записници за натпревари – Кривични пријави за измама во Валандово

    19.06.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минчев најави коренити реформи: Крај за долготрајните ВД директори и кратење на членовите во управните одбори
    • Паднаа градежен инспектор и раководител – едната се потпишала како градоначалник за да спаси дивоградба од рушење
    • Претседател и секретар во Валандово правеле лажни клубови и записници за натпревари – Кривични пријави за измама во Валандово
    • Петрушевски: Филипче прифаќа диктати од Бугарија само за да дојде на власт
    • МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете
    • Одржана петтата седница на Националниот совет за развој, во фокусот стратегијата до 2044 година
    • Полицијата стопираше „мерцедес“, возачот веднаш приведен, возилото одземено
    • Стружанец се повредил со харпун додека рибарел во Охридското Езеро
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев најави коренити реформи: Крај за долготрајните ВД директори и кратење на членовите во управните одбори

    Минчев најави коренити реформи: Крај за долготрајните ВД директори и кратење на членовите во управните одбори

    19.06.2026 во 13:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Реформата во јавната администрација мора да започне од највисоките раководни позиции, бидејќи само професионални институции можат да испорачаат квалитетни услуги за граѓаните, истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

    За време на гостувањето во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ, тој појасни дека новото законско решение за високи раководители воведува целосно поинаков систем за избор на директори, државни секретари и други раководни позиции во најважните институции.

    Со новиот закон се предвидува воведување на јавни конкурси, повисоки критериуми, како и задолжително тестирање и проверка на компетенциите, со цел изборот на кадри да се базира исклучиво на квалитет и професионалност.

    Како една од долгогодишните слабости во државниот систем, Минчев ја посочи практиката на долготрајни вршители на должност, каде што одредени лица со години останувале на менаџерски позиции без спроведена целосна процедура.

    „Не може ВД директор да стане трајно решение. Вршител на должност мора да биде краткорочна состојба, а не начин за избегнување на јавен конкурс“, нагласи Минчев.

    Посебен сегмент од најавената реформа ќе опфати и сериозна рационализација на управните одбори во институциите, каде што се воведува ограничување и намалување на бројот на членови на три лица.

    „Имавме институции со пет, седум, девет членови на управни одбори. Прашањето е дали навистина толкав број луѓе се потребни за ефикасно управување или системот создавал непотребни трошоци“, рече Минчев.

    Како една од клучните алки во процесот, министерот го посочи новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој треба да се постави поефикасна и пофункционална структура на институциите.

    Од Министерството за јавна администрација додаваат дека крајната цел на овие реформи е создавање професионални институции, одговорни раководители и администрација која нема да биде товар, туку вистински сервис на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче прифаќа диктати од Бугарија само за да дојде на власт

    19.06.2026 во 12:44

    Кузмановска: Власта врши притисоци и го казнува правото на младите слободно да мислат

    19.06.2026 во 10:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.