Вчера во 15:50 часот на улица „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(29) од кичевското село Речани.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека нема положено возачки испит.
По насока на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.

