Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски копира модел од Србија за да скрие колапс

    СДСМ: Мицкоски копира модел од Србија за да скрие колапс

    19.06.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како што кажавме, снемува пари – следуваат избори. Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика, се вели во соопштението од СДСМ. 

    „Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ.

    Тоа го контастира и Европскиот парламент во Извештајот во којшто забележува, со загриженост, сè посилни врски со Владата на Србија, која „спроведува нелиберална агенда“. 

    Реалноста е дека Мицкоски сè работи по ист модел – де факто и де јуре. Исти наратив, исти фрази, иста стратегија.

    Прво ги навреди сите граѓани кои се за Европска унија, нарекувајќи ги „талог на општеството“, „коленичари“, „медиокритети“ и „мекотели“.

    Истиот наратив што Вучиќ го користи за граѓаните на соседните земји кои се залагаат за европски пат.

    Ние нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори. Од нас тоа нема да го добие.

    Ќе видиме кој од таканаречената опозиција, од сателитите на ВМРО, ќе биде искористен за да го повика на предвремени избори. 

    Сценариото постои, глумците со бугарски пасоши ги знаеме, а режисерот „патриот“ со скапи часовници ни е премногу добро познат.

    Мицкоски сака предвемени избори затоа што нема резултати а снемува и пари. 

    Сака избори затоа што сака да го преживее политичкиот колапс што сам го предизвика.

    Но граѓаните не се наивни, знаат сè.

    Не е прашање дали опозицијата е подготвена, туку дали се подготвени граѓаните на Македонија за предвремени избори. 

    Дали се подготвени нивните паричници и фрижидери. 

    Дали се подготвени граѓаните да останат дома и да му дозволат на Мицкоски уште повеќе да ја уништи економијата, да ја изолира државата и населението да го доведе до работ на сиромаштијата.

    Тоа е прашањето.

    Со негласање, самите се казнуваат и на тендер коалицијата ѝ овозможуваат уште четири години грабеж на нивните пари.

    Кога Мицкоски ќе ги распише избори, граѓаните не смеат да останат дома“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.