Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак
    • Александрос Косенас: „Нептун“ кон ново поглавје
    • Сиљановска-Давкова им порача на учесниците на Медитеранските игри во Таранто: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност
    • Приведени родители: Психички ја малтретирале нивната ќерка
    • Филипче: „Кошничката“ на Мицкоски е нов ПР-трик, не очекувам ништо
    • Нова услуга за дијагностицирање различни невролошки состојби во болницата во Кавадарци
    • Приведени 11 возачи, меѓу нив и малолетник, еден пијан возач предизвикал несреќа
    • Крај за наплатните рампи во Хрватска: Од март 2027 се воведува нов дигитален систем за наплата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каде Македонците најмногу пазарат онлајн и како да се заштитите од измами

    Каде Македонците најмногу пазарат онлајн и како да се заштитите од измами

    19.06.2026 во 09:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) го објави најновото ажурирано издание на Регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да ја проверат безбедноста на продавачите пред да направат онлајн-плаќање.

    Според најновите податоци на Народната банка, во земјава се регистрирани 1.829 продажни места за е-трговија, од кои 1.396 биле активни и реализирале најмалку една трансакција во текот на годината.

    Оваа сеопфатна база се ажурира во директна соработка со петте банки кои процесираат е-трансакции во државата: Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка, Халк банка и УНИ банка.

    Регистарот во моментов опфаќа 1.374 активни е-продавници распределени во 25 категории, каде најголем дел отпаѓа на козметика (115), облека и обувки (100), храна и пијалаци (87), бела техника (86) и туризам (81).

    Анализата на податоците покажува и сериозен економски раст во овој сектор, каде вкупната вредност на онлајн-трансакциите во земјава достигнала 950 милиони евра, што е скок за 32 % во споредба со претходната година.

    Од оваа сума, дури 522 милиони евра се слеале директно на сметките на домашните е-трговци, а бројот на активни продажни онлајн-места е зголемен за 84.

    „Податоците покажуваат дека е-трговијата продолжува да се развива со солидно темпо како во однос на вредноста на трансакциите така и во однос на понудата. Регистарот на е-трговци ни овозможува не само да ги идентификуваме активните е-продавници туку и да добиеме појасна слика за тоа кој ја сочинува понудата на домашниот пазар. Анализата покажува дека покрај традиционално силните категории како козметика, мода и електроника, сè поголема застапеност имаат услугите, едукацијата, туризмот и дигиталните производи, што е показател за зреење на дигиталната економија и проширување на навиките за онлајн купување кај потрошувачите“, вели Нина Ангеловска Станков, претседател на АЕТМ.

    Оваа јавна база претставува и корисна алатка за борба против сивата економија и интернет-измамите кои најчесто се случуваат преку нерегистрирани профили на социјалните мрежи.

    Регистарот е јавно достапен за сите граѓани на веб-страницата на асоцијацијата, а при неговото последно ажурирање за категоризација биле користени и алатки базирани на вештачка интелигенција.

    Прочитај повеќе

    Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар

    21.08.2026 во 16:00

    Поевтини ранци, тетратки и прибор: Во вторник ќе се дефинира училишната кошничка

    21.08.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.