Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста

    18.08.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски од Охрид: Силна Армија и силна полиција значат сигурна Македонија
    • Гевгелија: Во „Фиат типо“ откриени десет мигранти, приведен возачот
    • Утре две скопски општини ќе останат без струја
    • Уапсен осомничениот за убиството на францускиот турист во Ксамил, се криел во багажник
    • СДСМ: Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска – Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓаните
    • Страшна несреќа во Тетово: Возило излетало од булевар и влетало во плац, по што удрило во работник
    • Убиство во Ксамил: Французин избоден на лежалка на плажа
    • Петкова: Обезбедуваме поголемо домашно производство на струја и пониски трошоци за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одлични вести: Цената на нафтата бележи голем пад

    Одлични вести: Цената на нафтата бележи голем пад

    18.06.2026 во 21:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтата паднаа под 78 долари на меѓународните пазари, што одразува бран оптимизам кај трговците по потпишувањето на рамковниот документ за преговори меѓу САД и Иран.

    Овој документ предвидува отворање на Ормускиот теснец и издавање дозволи за извоз на иранска нафта.

    На лондонскиот пазар, барелот попладнево се тргуваше по цена пониска за 2,03 долари, што е намалување во однос на вчерашното затворање од 77,52 долари, додека на американскиот пазар беше за 2,16 долари поевтино и изнесуваше 74,63 долари.

    Расположението беше обележано со потпишувањето на меморандум за разбирање кој воспостави рамка за преговори, при што американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша документот на самитот на Г7 во Париз, а иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во Техеран.

    Според текстот објавен од иранска страна, САД веднаш ќе почнат да ја укинуваат поморската блокада, а Иран постепено ќе го отвора Ормускиот теснец со цел сообраќајот да се нормализира околу средината на јули.

    „Најмалку три“ ирански танкери за нафта поминаа низ водите што до неодамна беа блокирани од американската војска во понеделник вечерта без пречки, соопшти Иран Прес ТВ, цитирајќи информирани извори во бродските кругови.

    Поморските податоци утринава потврдија дека неколку бродови веќе поминале низ теснецот, вклучувајќи три саудиски супертанкери со шест милиони барели нафта.

    Меморандумот исто така предвидува американски дозволи за извоз на иранска нафта, петрохемиски производи и деривати, како и за поврзани услуги, вклучувајќи банкарски трансакции, осигурување и транспорт.

    Истовремено, комерцијалните залихи на нафта во САД се намалија за 8,3 милиони барели минатата недела, додека Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) пресмета дека стратешките резерви на ОЕЦД се намалиле за 163 милиони барели од почетокот на војната.

    Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека барел од кошничката нафта на нејзините членки поевтинил за 69 центи, спуштајќи се на 83,74 долари.

    Прочитај повеќе

    Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места

    18.08.2026 во 10:03

    Цената на нафтата скокна

    18.08.2026 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.