Close Menu
Press24
    Најново

    Голема акција во Скопје: Уапсени 12 лица, поранешни претседатели на ФФМ осомничени за милионска проневера

    18.06.2026 во 17:28

    Возачи внимавајте: МВР најави 24-часовен сообраќаен маратон, ќе се ловат пијани возачи и возачи под дејство на дрога

    18.06.2026 во 17:14

    Трагедија на Халкидики: Македонка почина во Неа Каликратија

    18.06.2026 во 17:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема акција во Скопје: Уапсени 12 лица, поранешни претседатели на ФФМ осомничени за милионска проневера
    • Возачи внимавајте: МВР најави 24-часовен сообраќаен маратон, ќе се ловат пијани возачи и возачи под дејство на дрога
    • Трагедија на Халкидики: Македонка почина во Неа Каликратија
    • Тешка сообраќајка во Тетовско: Четирицикл излета од пат, повредени три девојки
    • Привремен прекин на железничкиот сообраќај: Од 22 јуни до 1 јули нема да сообраќаат возови на повеќе релации
    • Ѓорѓиевски: Дива депонија во Сарај се чисти и ќе прерасне во голем модерен парк
    • Драма во Аеродром: Обид за упад во два стана, сосетка успеала да го истурка пријавениот
    • Филмска брканица на автопатот кон Скопје: Со „мерцедес“ удрил во дрво и побегнал, во возилото пронајдени 12 мигранти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голема акција во Скопје: Уапсени 12 лица, поранешни претседатели на ФФМ осомничени за милионска проневера

    Голема акција во Скопје: Уапсени 12 лица, поранешни претседатели на ФФМ осомничени за милионска проневера

    18.06.2026 во 17:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје.

    Како што соопштија од Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на претходно поднесена кривична пријава против три лица вработени во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), управители, сопственици и овластени лица на правни субјекти, како и против самите правни лица, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела.

    Со предметот се опфатени двајца поранешни претседатели на ФФМ, кои се сомничат за кривично дело „Проневера во службата“. Покрај нив, за „Проневера во службата“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“ се товарат и раководителката на Одделението за финансии и сметководство во ФФМ, раководителот на Одделот за судии и судење при федерацијата, 14 управители, сопственици и овластени лица во фирми, како и осум правни лица.

    Според доказите од предистражната постапка, првоосомничениот, во својство на претседател на ФФМ, заедно и по претходен договор со осомничената раководителка на Одделението за финансии, во периодот од 1 јануари 2015 до 25 јули 2018 година, со намера да прибават противправна имотна корист, присвоиле парични средства доверени во службата во вкупен износ од 127.451.156 денари.

    Второосомничениот, исто така како претседател на ФФМ, во договор со истата раководителка, во периодот од 25 јули 2018 до 10 октомври 2019 година, присвоил парични средства во износ од 53.351.209 денари.

    – Осомничената раководителка на Одделението за финансии и сметководство, со цел да ги прикрие незаконските исплати кон повеќе правни лица, вршела манипулации со сметководствената евиденција на ФФМ. Најнапред плаќањата ги евидентирала како намалување на обврски по основ на влезни фактури, а потоа вршела измени на веќе евидентираните налози за книжење, бришејќи ги обврските и евидентирајќи ги како трошоци без наведување на конкретна фактура, услуга или деловен партнер – се наведува во соопштението на Финансиската полиција.

    Двајцата поранешни претседатели на ФФМ, иако биле должни да вршат контрола и да обезбедат законито и наменско користење на средствата, одобриле и потпишале вкупно 728 налози за исплата доставени од раководителката, овозможувајќи исплата без валидна документација. Со ова, спротивно на Статутот и Правилникот на ФФМ, на федерацијата ѝ нанеле вкупна штета од 180.802.365 денари.

    Осомничените управители и сопственици на фирми издавале фактури со невистинита содржина за наводно извршени услуги и испорачани стоки кон ФФМ, врз основа на кои биле изготвувани налозите за исплата. Парите стекнати со кривичното дело потоа биле пуштани во оптек во финансискиот промет за да се прикрие нивното незаконско потекло.

    Во рамки на денешната акција, по насоки на надлежниот јавен обвинител, од слобода се лишени 12 лица, додека пет лица во моментов се недостапни за органите на прогон. Од страна на надлежните органи обезбедена е дополнителна документација, запленети се парични средства и одземени се електронски уреди кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење.

    Прочитај повеќе

    Трагедија на Халкидики: Македонка почина во Неа Каликратија

    18.06.2026 во 17:07

    Тешка сообраќајка во Тетовско: Четирицикл излета од пат, повредени три девојки

    18.06.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.