Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, посветени на зајакнување на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети и подготовките за претстојниот Самит на Алијансата.
На состаноците се дискутира за натамошно унапредување на одбранбените способности на НАТО преку континуирани вложувања во одбраната, развој на вооружените сили и јакнење на одбранбената индустрија на земјите членки.
Во текот на денот, Мисајловски ќе учествува и на состанокот на Контакт-групата за Украина, на кој се очекува да биде потврдена натамошната поддршка за Украина и да се разгледа координацијата на помошта во одбранбениот сектор меѓу земјите членки и партнерите.

