Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марта Кос најавува нови правила за проширувањето на ЕУ и предупредува на „тројански коњи“
    • Македонија „врие” – Преку 30 степени уште претпладне, пред нас пеколен ден
    • Карпош ги гаси фонтаните како мерка против комарци и Западно-нилска треска
    • Трагедија во Австрија: Пожарникар почина по убод од стршлен
    • Пекол низ цела Македонија уште пред 12 часот – УХМР покажа каде е екстремно топло
    • Ужас го потресе светот: Починаа 15 бебиња – причината е дефект на клима уред
    • За Успение на Пресвета Богородица организиран превоз до манастирот на Матка – Сестринството вели „Со љубов ве очекуваме”
    • Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над 300 случаи на салмонела во Белгија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР

    Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР

    17.06.2026 во 22:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека ќе биде намален број на војници во мировната мисија на Алијансата во Косово (КФОР) и ќе има од 3.000 до 3.500 војници.

    Тој наведе дека намалувањето на бројот на војници на КФОР е позитивно, бидејќи ситуацијата во Косово континуирано се подобрува.

    – Во моментов, КФОР има околу 4.700 војници. Она што ќе го направиме е да се вратиме на нивото од пред 2023 година. Секако, во зависност од околностите, ќе го видите КФОР со 3.000 или 3.500 војници. Мислам дека ова ја одразува подобрената безбедносна состојба, додека мисијата на КФОР, секако, останува апсолутно фокусирана на својата основна мисија, посочи Руте.

    Во 2023 година поради тензиите во северниот дел на Косово, каде што мнозинството од населението го сочинуваат Срби, НАТО распореди речиси илјада дополнителни војници.

    НАТО и КФОР остануваат посветени на безбедноста во Косово, посочи Врховниот командант на сојузничките сили во Европа. Токму оваа посветеност доведе до зголемување на стабилноста, додека безбедносните организации во Косово станаа поспособни. Сегашните услови даваат можност за оптимизација на големината и распоредувањето на КФОР, посочи врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генералот на воздухопловните сили на САД, Алексус Гринкевич.

    Прочитај повеќе

    Марта Кос најавува нови правила за проширувањето на ЕУ и предупредува на „тројански коњи“

    26.08.2026 во 11:29

    Трагедија во Австрија: Пожарникар почина по убод од стршлен

    26.08.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.