Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех

    Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех

    17.06.2026 во 18:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион.

    Честитајќи им за извонредниот успех, претседателката им се заблагодари за витешката битка, личната и тимска победа, како и достојното претставување на државата на светската ракометна сцена. 

    Таа смета дека освоените медали се резултат на истрајната работа, темелната посветеност и исклучителниот талент, како и награда за манифестираната способност за рамноправен натпревар со најдобрите училишни селекции во светот, што ги прави најдобри македонски спортски амбасадори.

    Сиљановска-Давкова потенцираше дека ракометот има посебно место во македонската спортска историја, во којашто и самите се вградија.  

    Исто така, претседателката потсети дека македонскиот ракомет изнедри генерации врвни спортисти, кои инспирира низа генерации.

    Осврнувајќи се на значењето на спортот во развојот на физичкото и менталното здравје на младите, таа заклучи дека ракометот е повеќе од игра, тој е животна филозофија во којашто се спојуваат дисциплината и страста, умот, вештината и храброста, личниот напор и колективниот дух.

    Според неа, преку спортот младите учат како индивидуалниот придонес да го насочат кон врвната заедничка цел, преку доверба, солидарност и свест за општо добро.

    Младите ракометари и ракометарки во извонредното достигање препознаваат потврда и признание за трудот, но и силна мотивација за стремеж кон освојување нови ракометни спортски врвови.

    Посакувајќи им успешна иднина, Сиљановска-Давкова им посака да го задржат и негуваат шампионскиот дух.

    На средбата присуствуваа и претставници на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, предводени од претседателката Елена Мицковска, која на претседателката Сиљановска-Давкова ѝ врачи Благодарница за посебен придонес во развојот и афирмацијата на училишниот спорт.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.