Close Menu
Press24
    Најново

    Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска

    17.06.2026 во 17:17

    Со нож им се заканувал на мајка си и братот – гостиварчанец кривично ќе одговара

    17.06.2026 во 16:57

    Камион проби заштитна ограда во Германија и истури стотици литри нафта на автопат – штета од над 100.000 евра

    17.06.2026 во 16:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
    • Со нож им се заканувал на мајка си и братот – гостиварчанец кривично ќе одговара
    • Камион проби заштитна ограда во Германија и истури стотици литри нафта на автопат – штета од над 100.000 евра
    • Невреме со град ја зафати Македонија, облачни маси се движат кон Скопје и Тетово
    • Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар
    • Скопјанец се заканувал на полицаец по телефон – уапсен на Бит Пазар
    • Филипче од Босилово: Владата манипулира со субвенциите, парите ги префрлаат од други програми
    • Кумановец пронајден во бессознание под дејство на дрога во сопствениот дуќан, заработи кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска

    Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска

    17.06.2026 во 17:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти.

    На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји.

    Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција, во пресрет на претстојното ирско претседавање со Советот на Европската Унија, кое започнува на 1 јули. Министерот Муцунски изрази благодарност за принципиелната и континуирана ирска поддршка на политиката на проширување и на европските аспирации на државата.

    Притоа, ја нагласи цврстата определба на Владата за продолжување на реформскиот процес и напредокот на европскиот пат, истакнувајќи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел и најсилен двигател на демократскиот, економскиот и општествениот развој.

    Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и глобални прашања, при што се согласија дека во услови на зголемени геополитички и безбедносни предизвици, на Европа повеќе од кога било ѝ се потребни единство, солидарност и блиска соработка.

    Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со претседавачот и членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ирскиот парламент.

    Притоа, тој изрази благодарност за силната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување на Европската Унија и на европскиот пат на државата.

    На средбата беше разговарано за актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при што министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Владата на спроведувањето на реформите, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јакнењето на институциите.

    Тој потенцираше дека кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми, е од суштинско значење за зачувување на довербата во Европската Унија и нејзината трансформативна моќ во регионот.

    Прочитај повеќе

    Со нож им се заканувал на мајка си и братот – гостиварчанец кривично ќе одговара

    17.06.2026 во 16:57

    Невреме со град ја зафати Македонија, облачни маси се движат кон Скопје и Тетово

    17.06.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.