Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста
    • Млад човек во Хрватска е казнет со 600 евра поради објава на Инстаграм
    • Скопје продолжува со борбата против комарците: Вечерва 13. теренска дезинсекција
    • Силен земјотрес ја погоди Италија
    • Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години
    • ФОТО: Се запали куќа во Козле
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар

    Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар

    17.06.2026 во 16:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think.

    Тој нагласи дека стратегијата, поттикната од енергетската криза, веќе дава конкретни резултати преку реални инвестиции во училиштата и јавната инфраструктура.

    Покрај реализираните фотоволтаични системи во ООУ „Киро Глигоров“, посочи Герасимовски, Општина Центар  планира нови системи во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“ за што се обезбедни финансиски средства.

    „Ефектите се многу  реални:  намалени трошоци за електрична енергија, поголема енергетска сигурност и поефикасно користење на јавните ресурси. Секој заштеден денар од енергијата  се враќа назад во образованието, спортот, културата и услугите за граѓаните. Сакам Центар да биде препознаен како општина која не само што ги следи европските трендови, туку и ги поставува стандардите за другите локални самоуправи во државата,“ рече Герасимовски.

    Управителот на ТД „Енергија Центар“, Игор Бимбилоски, истакна дека процесот на енергетска транзиција носи резултати, но и одредени предизвици.

    „Најчесто тие се во делот на административните процедури и координацијата со институциите, но тоа нè прави уште пофокусирани и поодлучни да продолжиме со реализација на проектите,“ посочи тој.

    Бимбилоски порача дека „Енергија Центар“ претставува нов модел на локален развој, насочен кон поефикасно управување со енергијата и поодржлив урбан развој за идните генерации.

    Прочитај повеќе

    Скопје продолжува со борбата против комарците: Вечерва 13. теренска дезинсекција

    18.08.2026 во 10:40

    Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување

    18.08.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.