Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“
    • Златото повторно „полета”: Еве колку чини унца на светските берзи
    • Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него“
    • Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји
    • Јулија со потресни стихови за својата почината ќерка: „После тебе Анчи ништо исто не остана”
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најави викенд-средби со ВРЕДИ и ЗНАМ за реконструкција на Владата

    Мицкоски најави викенд-средби со ВРЕДИ и ЗНАМ за реконструкција на Владата

    17.06.2026 во 13:49Updated:17.06.2026 во 13:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски информира дека на крајот од оваа недела ќе се одржат клучните средби со коалициските партнери, на кои главна тема на разговор ќе биде најавената реконструкција на владиниот кабинет.

    Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на реконструираната Општа болница во Струмица, премиерот појасни дека разговорите со партнерите од ВРЕДИ и ЗНАМ се веќе испланирани.

    Мицкоски воедно стави посебен акцент на односите во владината коалиција, потенцирајќи дека соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ продолжува да се одвива стабилно и без пречки, исто како и досега.

    „Во петок и сабота се закажани средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, сега сме во втората половина од мандатот, имаме исклучително коректна и пријателска соработка со ВРЕДИ. Очекувам во таа насока да продолжиме.“

    Како потврда за успешната коалициска соработка, тој се осврна и на изборните резултати од минатиот период, кои според него даваат легитимитет за продолжување на заедничките политики.

    „По реализирањето на нашата соработка, по изборите во 2024 година, следеа локалните избори каде тие убедливо победија во 10 општини, така што не гледам пречка во овој момент нашата соработка да не продолжи“ – истакна Мицкоски.

    Состаноците во петок и сабота се очекува да ги дефинираат контурите на новиот владин состав и евентуалните кадровски поместувања во ресорите.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.