Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Ставиле на себе златни ланчиња од Турција вредни 1,1 милиони денари, пробале да ги криумчарат на Богородица – Царината ги спречи

    ФОТО: Ставиле на себе златни ланчиња од Турција вредни 1,1 милиони денари, пробале да ги криумчарат на Богородица – Царината ги спречи

    17.06.2026 во 12:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари, откако открија двајца косовски државјани во обид да го криумчарат. Златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката.

    Случајот е предаден на Одделението за истраги кое против сторителите поднесе кривична пријава до ОЈО Гевгелија.

    Ова е 11-та заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на Богородица, пет на Меѓународен Аеродром Скопје, а по еден случај на Табановце и Блаце. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик.

    Нашата порака е јасна, без разлика на начинот на кој се криумчари, нашите служби ќе го разоткријат и ќе се погрижат криминалот да биде најстрого казнет. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.