Close Menu
Press24
    Најново

    Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати

    16.06.2026 во 23:18

    Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар

    16.06.2026 во 23:08

    Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни

    16.06.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
    • Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
    • Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
    • Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
    • Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
    • Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
    • Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
    • СДСМ до Митева: Македонија чувствувa забрзување во пропаст
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати

    Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати

    16.06.2026 во 23:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се  подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители.

    -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој пожар, не само денешниот, изјави Ангелов вечерва во гостување во Дневникот на ТВ Сител.

    Посочи дека секој ден низ државата има десетина помали пожари, но состојбата сè уште не е алармантна затоа што вегетацијата е сè уште зелена, дрвјата имаат доста количество вода и засега потешко се запалливи.

    -Сè уште не се масивни пожарите, но со престанок на дождовите, тревата се суши, станува лесно запаллива и од неа се палат ниската вегетација и шумите. Проблем е во јули и август кога има голем број пожари во еден ден. Лани рекордот беше 44 пожари во еден ден, а во 2024 имаше 66 пожари во еден ден – во почетокот на јули кога гореше Овче Поле. Максимално сме подготвени со човечки ресурси и опрема, но не може да биде доволно. И економски помоќни држави тешко се справуваат со пожарите во лето, истакна Ангелов.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата

    16.06.2026 во 22:19

    СДСМ до Митева: Македонија чувствувa забрзување во пропаст

    16.06.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.