Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Златото повторно „полета”: Еве колку чини унца на светските берзи
    • Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него“
    • Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји
    • Јулија со потресни стихови за својата почината ќерка: „После тебе Анчи ништо исто не остана”
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Утрински температури низ земјава: Каде се спушти живата најниско?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: Водиме дипломатија со интегритет

    Митева: Водиме дипломатија со интегритет

    16.06.2026 во 20:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Не сметам дека можеби тоа е начинот на којшто се водат или се градат едни добрососедски односи. Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и со не анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници или од наши институции“, истакна Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Влада, во гостување во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

    Митева се осврна на реформската агенда и посочи дека државата покажала напредок и исполнување на реформите. Таа додаде дека исплатените средства во делот на Планот за раст се потврда за посветеноста кон реформската агенда.

    „Најголемата потврда за она што го говоревме, е онаа прва исплата којашто ја добивме од Планот за раст, каде што навистина предничевме во однос на сите останати земји. Го потенциравме тоа дека навистина сме посветени и дека очекуваме таков да биде резултатот. За среќа на македонските граѓаните тоа се исполни, затоа што тоа е еден показател којшто ние како Влада, пред европските претставници, покажуваме поинаков потенцијал за тоа каков е капацитетот на оваа држава доколку навистина сака да посвети на развој, на раст и на она што значи исполнување на домашна задача и обврска“, рече Митева и додаде:

    „Очекувам до крајот на јуни да се завршат и оние останати процеси коишто се дел од реформската агенда и повторно да бидеме предводници во делот на исполнување на чекорите, а сето ова ќе биде потврдено со онаа исплата којашто ќе треба да следи, по извештајот, некаде во средина на јуни. Така што времето ќе биде најголема потврда за она што го говориме ние како Влада и најголема потврда за невистините кои се пласирани во јавноста од страна на опозицијата.“

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.