Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова инвестиција од 21 милион евра во ТИРЗ Тетово: „CAVO Otomotiv“ отвора 550 работни места

    Нова инвестиција од 21 милион евра во ТИРЗ Тетово: „CAVO Otomotiv“ отвора 550 работни места

    16.06.2026 во 11:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за економија и труд го поздрави почетокот на новата инвестиција на компанијата „CAVO Otomotiv“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. Вредноста на овој нов капацитет, според официјалните најави, ќе достигне 21 милион евра, а со неговата реализација се очекува отворање на околу 550 нови работни места во автомобилската индустрија.

    Оваа инвестиција ќе се реализира во ТИРЗ Тетово, која е единствената зона во државата што функционира по моделот на јавно-приватно партнерство и се наоѓа под директна надлежност на Министерството за економија и труд. Од ресорното министерство посочуваат дека овој модел уште еднаш ја потврдува ефикасноста на соработката меѓу државата и приватниот сектор за привлекување крупни капитални проекти.

    Станува збор за реномирана мултинационална компанија која поседува производствени капацитети во повеќе земји. Раководството на компанијата донесе одлука дел од своето производство, кое во моментов се реализира во Турција и Словачка, комплетно да го пренесе во Северна Македонија.

    По повод официјалното објавување на инвестицијата, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, потенцираше дека напорите за подобрување на деловната клима веќе даваат конкретни резултати на терен.

    „Оваа инвестиција е уште една потврда дека Северна Македонија станува сѐ попривлечна дестинација за компании кои носат современи технологии, нови производствени капацитети и квалитетни работни места. Одлуката на CAVO Otomotiv да инвестира токму во Тетово е јасен сигнал дека напорите за подобрување на деловната клима и создавање стабилна и предвидлива инвестициска средина даваат конкретни резултати.

    Како Министерство за економија и труд, остануваме посветени на поддршка на инвестиции кои создаваат додадена вредност, генерираат извоз и отвораат добро платени работни места. Новите 550 работни места ќе значат нови можности за вработување, професионален развој и стекнување современи знаења и вештини. Нашата цел е јасна – повеќе инвестиции, посилна економија и подобар животен стандард за граѓаните“, изјави министерот Бесар Дурмиши.

    Според официјалните податоци, ТИРЗ Тетово бележи континуиран напредок. Во текот на 2025 година, компаниите лоцирани во оваа зона реализирале вкупно производство во вредност од над 6,4 милијарди денари, додека извозот на производи и услуги достигнал речиси 9 милијарди денари. Во зоната во моментов веќе работат 1.845 лица.

    Министерот Дурмиши упати јавна благодарност до сите домашни институции кои беа вклучени во овој сложен процес, како и до раководството на компанијата „CAVO Otomotiv“ за довербата да ја избере државата како своја нова инвестициска дестинација.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.