Огромна трагедија ја потресе Македонија кога младо момче се удави во водите на Охридското Езеро.
Според податоците од СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за С.С.(20) од струшкото село Октиси. Безживотното тело на младото момче било забележано кај „Машка плажа“. Веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство.
На социјалните мрежи има пораки за последно збогум на младото момче.
„Муфтиство на Исламската верска заедница во Струга” на Фејсбук сподели емотивна објава:
-„Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме.“
Со длабока тага и голема болка ја примивме веста за трагичното преселување на Ахирет на младиот Сенит Селимоски, на само 21-годишна возраст.
Во овие тешки моменти, Муфтиството на Исламската Верска Заедница – Струга, во име на Муфтијата Х. Ади еф. Муртиши, Оперативата на Муфтиството, имамите, џамиските одбори и сите верници, ги изразува своите најискрени и најдлабоки сочувства до семејството Селимоски, роднините, пријателите, жителите на Октиси, како и до сите кои го познаваа и го сакаа починатиот.
Заминувањето од овој свет на еден млад човек во најубавите години од животот е болка што длабоко ги погодува срцата на семејството, пријателите и целото општество. Неговата загуба остави голема празнина и тага не само во семејството Селимоски, туку и во Октиси, Струга и пошироко.
Во овие моменти на искушение, се молиме Семоќниот Аллах да им подари трпение (сабр), сила и утеха на неговите родители, семејството и сите блиски. Верникот наоѓа утеха во верувањето дека секоја душа ќе ја вкуси смртта и дека враќањето кај Аллах е неизбежна вистина за сите нас.
Го молиме Милостивиот Аллах починатиот Сенит Селимоски да го опфати со Својата бескрајна милост, да му ги опрости гревовите, да му го осветли кабурот и да го награди со Џеннетул-Фирдеус.
Нека неговиот спомен остане вечен во срцата на неговото семејство, пријателите и сите што имаа чест да го познаваат.
Аллах да му се смилува и да го награди со Џеннет!
Амин.
Со почит и искрено сочувство,
Муфтиство на ИВЗ – Струга
Муфтија Х. Ади еф. Муртиши, стои во постот.

