Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Крива Паланка: Дедото го тепал детето па таткото го тепал дедото
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Министри Албанци за правда, не сакаа да го решат прашањето со правосудниот испит, се работи на одржливо решение

    Мицкоски: Министри Албанци за правда, не сакаа да го решат прашањето со правосудниот испит, се работи на одржливо решение

    15.06.2026 во 20:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во вестите на Алсат Телевизија истакна дека министри за правда Албанци од минатите влади не сакаа да го решат прашањето за правосудниот испит, додека оваа Влада работи на одржливо решение за овој проблем биде надминат.„Од прв ден сум го кажал тоа и стојам позади тоа дека ако државата дозволила да се формира високо образование на јазик различен од македонскиот, во случајов во Македонија имаме такви примери со албанскиот, турскиот и англискиот јазик и ако државата овозможила тоа да се прави, јас не гледам никаква причина да теоретскиот дел од полагањето на правосудниот испит да не се врши на еден од тие јазици кој е различен од македонскиот јазик, бидејќи вие сте дозволиле да се формира високото образование на тој јазик“, потенцираше премиерот Мицкоски.
    Премиерот Мицкоски воедно посочи дека став на Венецијанската комисија е дека мора да имаме лингва франкa, односно еден јазик во рамките на правосудството во Македонија и едното со другото во случајов не се косат.„Од друга страна треба да кажеме исто така дека статистиката е немилосрдна и речиси 95% од кандидатите Албанци кои го полагале правосудниот испит досега и теоретски и практичниот дел на македонски јазик го поминал, што значи апсолутно не станува збор за дискриминација“, додаде премиерот Мицкоски.
    Премиерот Мицкоски нагласи дека моменталниот закон ваков каков што е не го уредува полагањето туку остава право на министерот за правда со одреден друг правен акт го регулира полагањето на правосудниот испит, затоа оваа влада бара решение, за разлика од претходните влади каде и министри Албанци не го решавале проблемот.
    „Изминатите години повеќе министри Албанци од редовите на ДУИ не сакале, а оваа Влада има желба и работи на тоа да најде начин како овој предмет, односно овој проблем да биде надминат, а министерот Филков е дел од оваа Влада која бара решение, за разлика од претходните влади во кои министри Албанци, за правда не сакале да го решат“, изјави Мицкоски.
    Прочитај повеќе

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.