„Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам да го кажам е дека лицето кое што е сторител на овој кривично правен настан е обезбедено и во моментот трае распит за да ги видиме мотивите што и како придонело да се случува ова кое што се случи во текот на денот, да видиме што го инспирирало ова лице да го направи тоа што го направи“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во гостување во централниот дневник на АЛСАТ-М.
На прашањето дали има информација дали е изолиран случај, Мицкоски посочи дека тој би се воздржал од дополнителни коментари, како и дека лицето го признало делото, а официјалните лица вршат распит со него и очекува повеќе информации од распитот за кој рече дека ќе даде одговор на многу прашања.
Во однос на тоа дали имал комуникација со бугарските институции за инцидентот, Мицкоски рече:
„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација, ме информираше министерот дека разговарал со неговата колешка. Така што, од наша страна ставот е јасен и на МНР, силно го осудуваме, лицето го обезбедивме за помалку од 3 часа и како институции уште една покажавме дека функционираме беспрекорно. Така што да видиме кои се мотивите за овој кривично-правен настан.“
- Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
- Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид
- Заменик-командантот на НАТО предупредува: Путин станува сè поопасен, невнимателен и склон кон ризици
- Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
- Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка
- Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
- Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули
- Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“

