Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски на средба со Лимински: Потпишана нова заедничка декларација за соработка до 2030 година

    15.06.2026 во 15:47

    Владата со најостра осуда за запалените возила пред бугарската амбасада: Предизвикувачите на тензии ќе бидат максимално санкционирани

    15.06.2026 во 15:40

    Пожар пред бугарската амбасада во Скопје: Опожарени два автомобили

    15.06.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски на средба со Лимински: Потпишана нова заедничка декларација за соработка до 2030 година
    • Владата со најостра осуда за запалените возила пред бугарската амбасада: Предизвикувачите на тензии ќе бидат максимално санкционирани
    • Пожар пред бугарската амбасада во Скопје: Опожарени два автомобили
    • АПИС: Јавната расправа е можност да ја аргументираме штетноста напредлог законот за игри на среќа
    • Приведен 57-годишен кичевец: Полицијата му го одзеде „цитроенот“
    • Мицкоски: Од следната недела очекуваме значајно намалување на цените на горивата
    • Минчев: Човековите права не се декларација, туку секојдневна обврска на институциите
    • Голема полициска акција на патиштата: Уапсени 17 возачи, меѓу нив и малолетници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на средба со Лимински: Потпишана нова заедничка декларација за соработка до 2030 година

    Муцунски на средба со Лимински: Потпишана нова заедничка декларација за соработка до 2030 година

    15.06.2026 во 15:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински.

    На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство што посетата претставува продолжение на интензивниот дијалог и соработка со сојузната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и истакна дека таа претставува значаен чекор кон натамошно продлабочување на партнерството, континуирана комуникација и дополнително зајакнување на меѓусебните односи.

    Соговорниците изразија задоволство од развојот на соработката на повеќе нивоа, со посебен акцент на економијата, инвестициите, внатрешните работи, образованието и културата.

    Во рамки на посетата, двајцата министри потпишаа нова Заедничка декларација за намери за соработка помеѓу Владата на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и Владата на Република Северна Македонија за периодот 2026–2030 година. Со овој документ се потврдува заедничката посветеност за продолжување и натамошно унапредување на одличната билатерална соработка воспоставена со претходната декларација.

    Притоа, министерот Муцунски изрази уверување дека новата Декларација ќе отвори нова фаза во меѓусебната соработка и ќе придонесе за дополнително јакнење на економските врски, поголемо поврзување на деловните заедници и создавање нови можности за инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија во Република Северна Македонија.

    Воедно, тој се заблагодари за силната и континуирана поддршка што покраината Северна Рајна-Вестфалија ја дава на европската интеграција на државата и изрази задоволство што, покрај силниот економски и инвестициски фокус, новата Заедничка декларација предвидува и поддршка во области што се во надлежност на покраината, со цел придонес кон процесот на европска интеграција и усогласување со европското законодавство.

    Прочитај повеќе

    Фрчкоски: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти

    15.06.2026 во 13:36

    Мицкоски: Македонија мора да забрзува

    15.06.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.