Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе потпишат Меморандум за соработка
    • Метју Меконахи откри како филм со Џенифер Лопез му „помогнал“ да се спаси од полицијата на аеродромот во Мексико
    • Трагедија: Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато
    • Цената на нафтата скокна на највисоко ниво во последните три недели
    • Николоски со порака од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ сега е најсилно од своето постоење
    • Македонците го одбележаа Преображение во црквата во село Ербеле, Албанија
    • Мицкоски: Нема дилема дека разговараме со цел да се најде решение за ЕУ процесот
    • Се обидел да ограби обложувалница, но алармот го исплашил – од полицијата не успеа да избега
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Започна санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба

    Ѓорѓиевски: Започна санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба

    15.06.2026 во 13:572 Mins Read
    default
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во општина Гази Баба денеска официјално беше означен почетокот на градежните работи за санација на мостот „Естакада“, кој претставува една од клучните сообраќајни точки за овој дел од градот и еден од најфреквентните излези од Скопје.

    Проектот опфаќа реконструкција на пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 метри квадратни, од кои 3.800 квадрати ќе бидат целосно изгребани и обновени со два нови слоја асфалт, а нов асфалтен слој ќе добие и самиот мост. Градежните активности ќе опфатат вкупна должина од 1,5 километри коловоз.

    Дополнително, на терен ќе се изврши замена на рабниците, изработка на нови асфалтни тротоари, чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на постоечките капаци за шахти.

    Во продолжение следува целосната изјава на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во врска со почетокот на овој инфраструктурен проект:

    „Денес, заедно со мојот колега Бобан Стефковски, го означивме почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба, проект кој со години беше барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот.

    Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел. Тука минуваат работници, ученици, семејства, компании, транспорт и затоа нашата обврска е оваа сообраќајна артерија да биде безбедна, функционална и достоинствена.

    Ова е вложување во безбедноста, во подобрата поврзаност и во секојдневието на илјадници граѓани. Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Затоа најавувам дека ќе продолжиме со санација на сите мостови во градот каде што има потреба. Продолжуваме да го градиме Скопје – чекор по чекор, проект по проект, со дела што се гледаат.“

    Прочитај повеќе

    Солидарноста на дело: Скопските пожарникари заминуваат за Мариово да го гаснат пожарот

    19.08.2026 во 18:10

    Дел од Гази Баба утре ќе остане без струја

    19.08.2026 во 17:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.