Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрчкоски: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти

    Фрчкоски: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти

    15.06.2026 во 13:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската АКТ денеска излезе со нови тврдења за тендерски скандали, во кои обвинува дека омилените изведувачи на власта во десетици општини низ државата работат по ист образец, користејќи ги услугите на само две фирми за проектирање и стручен надзор – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“.

    Членот на Извршниот одбор на АКТ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција посочи дека претходно објавените три фирми-изведувачи „Ленди Груп“ (17,6 милиони евра), „Пирамид билдинг солушнс“ (16 милиони евра) и „Масев ДООЕЛ“ (18 милиони евра), се директно поврзани во бизнис-шема со парите од унгарскиот кредит.

    Според АКТ, во општина Кисела Вода и во општина Илинден, каде изведувач е „Ленди Груп“, стручниот надзор го врши исклучиво „МГ Проект“. Од друга страна, во Аеродром и Гази Баба, каде главен изведувач е „Пирамид билдинг“, договорите за надзор над патиштата и објектите ги добива „МБМ Архитекти“. Фрчкоски додаде дека компанијата „Мастеф“, која работи со урбана опрема, исто така функционира само под надзор на овие две фирми.

    „Овие две фирми имаат подолга историја на работење во Македонија со проектирање и надзор, но никогаш претходно во вака структурирана шема поврзана со парите од унгарскиот кредит. Тоа го потврдуваат и бројките за профитот и склучените договори само во изминатите две години. Па така, МГ Проект во овој период успева да склучи договори со вкупна вредност од 2,4 милиони евра, а МБМ Архитекти за овој период успева да склучи договори вредни 2,9 милиони евра! Во проценти, ако пресметаме, од 2024 година имаат раст од неверојатни 288,65%“, изјави Фрчкоски.

    Тој јавно запраша до кога ќе молчи Јавното обвинителство за енормниот раст на профитите на овие две фирми и најави дека СДСМ ќе побара одговорност и детален преглед за сите тендерски постапки.

    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.