Close Menu
Press24
    Најново

    Lidl го започнува караванот за вработување – првата станица е Штип

    15.06.2026 во 13:03

    Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра поддршка за домашните компании

    15.06.2026 во 12:59

    Мицкоски од Битола: Отворена фабриката „Брејнчајлд“, вработени 230 лица

    15.06.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Lidl го започнува караванот за вработување – првата станица е Штип
    • Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра поддршка за домашните компании
    • Мицкоски од Битола: Отворена фабриката „Брејнчајлд“, вработени 230 лица
    • Мицкоски: Македонија мора да забрзува
    • Апликацијата „МојДДВ“ е повторно во функција, граѓаните може да скенираат сметки
    • УХМР најавува невреме неделава
    • Одземени шест мотоцикли и едно патничко возило, казнети 114 лица – полициска акција во Куманово и Тетово
    • Полицијата прави чистка: Казнети 219 возачи во Скопје, одземен мопед на пијан возач
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Lidl го започнува караванот за вработување – првата станица е Штип

    Lidl го започнува караванот за вработување – првата станица е Штип

    15.06.2026 во 13:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип.

    Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и во идните маркети на компанијата ширум земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот на аплицирање, условите за работа и можностите за професионален развој.

    По првиот настан во Штип, караванот продолжува на 17 јуни во Струмица, во „Симбол ретаил парк“, потоа на 18 јуни на градскиот плоштад во Гевгелија, кај фонтаната, на 19 јуни во Куманово во „Плаза Мол“, како и на 20 јуни во Скопје, во „Ист Гејт Мол“.

    Караванот ќе заврши на 22 јуни во Струга, кај хотелот „Дрим“. Со караванот за вработување, Лидл Северна Македонија продолжува да го гради својот тим во земјава, нудејќи им на кандидатите можност да станат дел од една од водечките малопродажни компании во Европа и пошироко. Компанијата нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени.

    Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, Лидл Северна Македонија на своите вработени им обезбедува сигурна и стабилна работна средина, јасни можности за учење и напредување, како и низа дополнителни придобивки.

    Повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на интернет страницата jobs.lidl.mk.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра поддршка за домашните компании

    15.06.2026 во 12:59

    Мицкоски: Македонија мора да забрзува

    15.06.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.