Close Menu
Press24
    Најново

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    26.09.2026 во 10:55

    Акција во Скопје: Инспекторка од АХВ падна в рацете на полицијата – ја фатија со мито

    25.09.2026 во 13:47

    Во понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    26.09.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паднаа четворица дилери од Куманово
    • Малолетник со „мерцедес“ прегази велосипедист
    • Скопје: 13-годишник пренесен во болница, го претепал родител на негов соученик
    • Утре е тежок празник и строг пост
    • Николоски во Радовиш: Над 250 милиони денари инвестиции за инфраструктурни проекти и развој на општина Радовиш
    • Во понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена
    • Нацева со едногодишен извештај: Реализирани капитални инвестиции и инфраструктурни проекти во Неготино
    • Радеска: Објавените документи откриваат милионски суми за прослава, СДСМ бара одговорност од надлежните институции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одземени шест мотоцикли и едно патничко возило, казнети 114 лица – полициска акција во Куманово и Тетово

    Одземени шест мотоцикли и едно патничко возило, казнети 114 лица – полициска акција во Куманово и Тетово

    15.06.2026 во 12:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово, изречени се 114 санкции, лишени од слобода се седум лица и одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

    На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата во Куманово изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив 28 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без кацига, две мерки за управување мотоцикл со несоодветна категорија, една мерка за измината важност на сообраќајната дозвола на мотоцикл, една мерка за истечена полиса за осигурување, една мерка за неистакната регистарска таблица, две мерки за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и четири мерки за останати прекршоци во сообраќајот. Исто така, при контролата откриени се четири кривични дела, од кои два сторители се малолетници. Сторителите се лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а одземени три мотоцикли и едно патничко моторно возило.

    При контролата во Тетово изречени се вкупно 71 мерка за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив 40 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), четири мерки за возачи на електрични тротинети, три мерки за неистакната регистарска таблица, две мерки за измината важност на сообраќајната дозвола на мотоцикл, една мерка за измината полиса за осигурување, 16 мерки за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и две мерки за останати прекршоци во сообраќајот. Исто така, откриени се три кривични дела, а сторителите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, при што се одземени три мотоцикли.

    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

    Прочитај повеќе

    Паднаа четворица дилери од Куманово

    26.09.2026 во 13:48

    Малолетник со „мерцедес“ прегази велосипедист

    26.09.2026 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.