Close Menu
Press24
    Најново

    Пеколни топлотни бранови ќе ја зафатат Македонија во текот на летото

    15.06.2026 во 11:40

    Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој

    15.06.2026 во 11:34

    Ужас ја потресе Македонија: Граѓани спасиле 3-месечно бебе од малтретирање, полицијата ги уапси мајката и уште едно лице

    15.06.2026 во 11:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пеколни топлотни бранови ќе ја зафатат Македонија во текот на летото
    • Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој
    • Ужас ја потресе Македонија: Граѓани спасиле 3-месечно бебе од малтретирање, полицијата ги уапси мајката и уште едно лице
    • 10.000 денари и бесплатно летување во Грција – една скопска општина ги награди првенците на генерација
    • Пиромани го подметнале пожарот во Штип – се трага по две лица
    • Разбиен шверцерски синџир со џиновски инсекти – Австралија заплени пратка со над 100.000 лебарки вредна 142.000 долари
    • Ќе нема струја до 13 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски општини
    • Дипломатски пресврт: САД и Иран постигнаа мировна спогодба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пеколни топлотни бранови ќе ја зафатат Македонија во текот на летото

    Пеколни топлотни бранови ќе ја зафатат Македонија во текот на летото

    15.06.2026 во 11:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Летото 2026 година во Македонија се очекува да биде значително потопло од повеќегодишниот просек.

    Според најновите прогнози, земјава ќе биде под влијание на чести и интензивни топлотни бранови од Африка, кои ќе донесат екстремно високи температури.

    Во поголемиот дел од државата температурите често ќе надминуваат 35 степени Целзиусови, додека во Повардарието, Скопската Котлина и југоисточните предели тие неретко ќе се искачуваат над 40 степени, особено во текот на јули и август.

    Се очекува појава и на таканаречени тропски ноќи, кога температурите ниту во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени, што ќе биде најизразено во Повардарието, Скопската Котлина и југоисточниот дел.

    И покрај доминацијата на топлото време, повремено се очекуваат и освежувања проследени со развој на конвективна облачност, што ќе создава услови за поројни врнежи од дожд, силни грмежи и засилен ветер.

    Во текот на летото ќе има и временски непогоди со појава на град и интензивни електрични празнења, а на одредени места тие може да бидат и поизразени.

    „– Инаку, највисоката температура измерена во Македонија е регистрирана на 24 јули 2007 година во Демир Капија, кога биле измерени рекордни 45,7 степени Целзиусови. Истата дата го носи и температурниот рекорд за Скопје, каде биле измерени 43,4 степени“, утрово соопшти Славчо Попоски.

    Сепак, според метеоролозите, нема простор за паника кај граѓаните.

    Ваквите екстремно високи температури се карактеристична појава за летниот период во Македонија и биле забележувани и во минатото, како дел од климатските услови со кои земјата се соочува во најтоплиот дел од годината.

    Прочитај повеќе

    Ужас ја потресе Македонија: Граѓани спасиле 3-месечно бебе од малтретирање, полицијата ги уапси мајката и уште едно лице

    15.06.2026 во 11:26

    10.000 денари и бесплатно летување во Грција – една скопска општина ги награди првенците на генерација

    15.06.2026 во 11:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.