Close Menu
Press24
    Најново

    Лихвари од Струмица, искористувајќи ја тешката финансиска состојба на повеќе лица, им земале „дебели“ камати

    13.06.2026 во 13:01

    Не работи апликацијата мој ДДВ

    13.06.2026 во 12:52

    Трајановски: Заробена држава, корупција, ниски плати – резултат на владеењето на ВМРО

    13.06.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лихвари од Струмица, искористувајќи ја тешката финансиска состојба на повеќе лица, им земале „дебели“ камати
    • Не работи апликацијата мој ДДВ
    • Трајановски: Заробена држава, корупција, ниски плати – резултат на владеењето на ВМРО
    • Вистински хорор: 36-годишник силувал 12-годишно девојче половина година
    • Петрушевски: Филипче се фаќа за сламка, Бугари во Устав, нема крај на неговите лични интереси
    • Аријана Гранде со барање: Не ја користете мојата песна во вашето видео
    • Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката
    • Неделен хороскоп: Ракот затвора големо поглавје, Лавот го чека среќа, а еве кој треба да биде претпазлив
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лихвари од Струмица, искористувајќи ја тешката финансиска состојба на повеќе лица, им земале „дебели“ камати

    Лихвари од Струмица, искористувајќи ја тешката финансиска состојба на повеќе лица, им земале „дебели“ камати

    13.06.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднело кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

    Од таму посочуваат дека пријавените, во периодот од 2022 до 2026 година, со умисла и намера за себе да прибават значителна имотна корист во повеќе одделни случаи ја искористувале тешката финансиска состојба на лица од Струмица и пошироко и им давале парични средства на заем, кои договарале да им бидат вратени со несразмерно високи камати и неповолни услови, а воедно барале да им враќаат и дневна камата во износ од 3.000 денари или 50 евра за секој ден задоцнување.

    Л.К. и Н.К. се сомничат и дека со закани ги присилувале лицата да им ги исплаќаат паричните средства во износи кои повеќекратно ги надминувале првично позајмените суми. Додека, Д.К. се сомничи и дека во март 2026 година, откако лице му ги вратило паричните средства кои му ги должело, тој од раце му одзел и други парични средства и на тој начин сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

    „Во изминатиот период, полициски службеници од СВР Струмица постапуваа по повеќе одделени случаи пријавени од оштетени лица, кои од пријавените земале пари под наем, при што се обезбедени материјални докази кои ги потврдуваат изјавите на оштетените и сомнението за сторените кривични дела“, посочија од МВР.

    Прочитај повеќе

    Вистински хорор: 36-годишник силувал 12-годишно девојче половина година

    13.06.2026 во 12:29

    Во автомобилот носеле пушки и патрони – Интервентна уапси две лица од скопско

    13.06.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.