Close Menu
Press24
    Најново

    Измерени 9 степени во 11 часот, еве каде е најстудено во Македонија

    13.06.2026 во 11:27

    Филипче му се заблагодари на Сиљановска: Првпат некој од ВМРО јавно го кажува она што СДСМ го повторува со години

    13.06.2026 во 11:14

    ВРЕДИ: Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија

    13.06.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Измерени 9 степени во 11 часот, еве каде е најстудено во Македонија
    • Филипче му се заблагодари на Сиљановска: Првпат некој од ВМРО јавно го кажува она што СДСМ го повторува со години
    • ВРЕДИ: Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Времето на капитулации заврши
    • СДСМ: Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба
    • Дневен хороскоп: Венера носи љубовен магнетизам за Лавовите, деловни контакти за Близнаците
    • Дел од Скопје и околината денеска без струја, еве ги локациите
    • Свеж бран ја зафаќа Македонија: Значителен пад на температурите и силен ветер, еве какво време нè очекува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Измерени 9 степени во 11 часот, еве каде е најстудено во Македонија

    Измерени 9 степени во 11 часот, еве каде е најстудено во Македонија

    13.06.2026 во 11:271 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи ги објави официјалните податоци за температурите измерени во 11 часот претпладне низ мерните станици во државата.

    Според мерењата, највисока температура во овој дел од денот е регистрирана во Гевгелија, каде се измерени 25,3 степени.

    Веднаш зад Гевгелија се Демир Капија со 25,1 степен, Струмица со 24,8 степени и Велес каде се регистрирани 24,4 степени Целзиусови.

    Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид, во 11 часот се измерени 23,2 степени, додека во Штип термометарот покажуваше 23,1 степен.

    Во градовите од централниот и источниот дел, Кавадарци бележи 23,9 степени, Крива Паланка 20,3 степени, а во Виница се измерени 19,5 степени.

    Посвежо претпладне е регистрирано во Берово со 17,9 степени, Битола со 18,7 степени, Прилеп со 19,4 степени и Тополчани со 18,5 степени.

    Во Охридскиот регион, односно во Претор, температурата изнесува 19,1 степен, а во Пожаране се измерени 17,7 степени.

    Најниски температури, очекувано, се измерени на планинските станици, па така на Попова Шапка се регистрирани 9,3 степени, во Крушево 13,8 степени, во Маврови Анови 14,3 степени и во Лазарополе 14,5 степени.

    Прочитај повеќе

    Филипче му се заблагодари на Сиљановска: Првпат некој од ВМРО јавно го кажува она што СДСМ го повторува со години

    13.06.2026 во 11:14

    ВРЕДИ: Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија

    13.06.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.