Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно
    • Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС
    • Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар
    • Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце
    • Филипче: Македонија не е на продажба
    • ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски бега од соочување со советниците, наместо еднаш месечно, тој советничките прашања ги закажа за Нова година
    • Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија
    • (ВИДЕО) Петрушевски: Владата носи инвестиции од Вашингтон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Позната здравствената состојба на повредениот сопственик на опожарената викендица во Штип

    Позната здравствената состојба на повредениот сопственик на опожарената викендица во Штип

    12.06.2026 во 14:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шеесет и деветгодишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак, кој беше повреден во вчерашниот пожар, е во добра и стабилна здравствена состојба.

    Од Клиничката болница во Штип информираат дека пациентот е подобар, но поради здобиените изгореници по екстремитетите и вдишаниот чад, тој и понатаму ќе остане под буден лекарски надзор.

    Мажот заработил изгореници од втор степен на двете потколеници и на левата рака во моментот кога се обидувал сам да го гасне пожарот кој го зафатил кровот на неговата викендица.

    Според информациите од Дарко Коцев, пожарникар водич во ТППЕ-Штип, материјална штета е предизвикана на една викенд куќа во населбата.

    Коцев истакна дека со брзата интервенција на противпожарните тимови од огнената стихија навреме се спасени пет други викендици, лозови и овошни насади, како и околната борова шума.

    Пожарникарите денеска извршиле обиколка на местото на настанот во пет наврати, со цел да се осигура безбедноста на теренот каде што избувна огнот.

    Како што вели Коцев, во моментов нема никакво чадење на теренот каде што вчера по 14 часот започна огнената стихија.

    Од противпожарната единица додаваат дека очевидци на целиот настан тврдат дека пожарот бил намерно предизвикан од страна на пироман.

    Прочитај повеќе

    Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце

    24.09.2026 во 12:12

    Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата

    24.09.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.