Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со години ги лажеше граѓаните, новата Влада веќе вложува во здравството

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со години ги лажеше граѓаните, новата Влада веќе вложува во здравството

    12.06.2026 во 12:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки.

    ВМРО-ДПМНЕ остави готов проект за нов Клинички центар со обезбедени 128 милиони евра. Доколку проектот беше реализиран, граѓаните ќе имаа современ Клинички центар уште во 2021 година.

    Наместо реализација, СДС и Филипче го закочија проектот и почнаа да пласираат нови ветувања и нови суми, без конкретна реализација. Од 128 милиони евра стигнаа до најави за проект од 500 милиони евра, но без ниту една лопата на терен.

    Со СДС и Филипче граѓаните не добија нов Клинички центар. Не добија подобро здравство. Не добија подобри услови за лекување.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово.

    За новиот клинички центар се разгледува локација кај базенот „Борис Трајковски“, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс. Таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата. Тоа значи дека не само за главниот град и Македонија, туку може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите на тој ултра модерен клинички центар.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во здравството, здравствените работници и се грижи за граѓаните.

    Времето на измами и лажни ветувања заврши“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.