Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски од Истанбул: Повеќе инвестиции и нови партнерства се приоритет

    12.06.2026 во 11:25

    МВР: Извршен претрес, едно лице приведено

    12.06.2026 во 11:11

    Го фатиле како подметнува пожар – МВР со детали

    12.06.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски од Истанбул: Повеќе инвестиции и нови партнерства се приоритет
    • МВР: Извршен претрес, едно лице приведено
    • Го фатиле како подметнува пожар – МВР со детали
    • Почна пријавувањето за упис во средните училишта – Над 25.000 слободни места
    • Почнува построга борба против пушењето – Алиу вели здравјето нема цена
    • МФ: Се предвидува укинување на исплатите во готовина кај финансиските друштва
    • Пекинг предупредува: Странски служби шпионираат со морски животни опремени со сензори
    • Општина Чаир: Транспарентно и законски спроведени тендерите за инфраструктурни проекти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Истанбул: Повеќе инвестиции и нови партнерства се приоритет

    Муцунски од Истанбул: Повеќе инвестиции и нови партнерства се приоритет

    12.06.2026 во 11:251 Min Read
    МНР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Турција е еден од најважните економски и трговски партнери на Северна Македонија, а трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат и поттик за уште поамбициозни цели во иднина, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој денеска во Истанбул учествува на бизнис-форумот Северна Македонија – Турција.

    Муцунски имал обраќање на форумот, кој е посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка меѓу двете земји.

    Тој порача дека економската дипломатија претставува клучен сегмент од надворешната политика.

    „Пораката што ја упатив е јасна: економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика, туку нејзино јадро. Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните. Владите ја создаваат рамката, институциите ги отвораат вратите, но компаниите се тие што создаваат вредност, работни места и резултати“, напиша Муцунски.

    Тој додаде дека е неопходно дополнително зајакнување на директната соработка меѓу бизнис-заедниците и поттикнување нови партнерства во повеќе сектори, меѓу кои индустријата, ИКТ, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите.

    Како што истакна, посилната економска соработка не е важна само за двете земји, туку придонесува и за поголема регионална поврзаност, конкурентност и развој.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    МВР: Извршен претрес, едно лице приведено

    12.06.2026 во 11:11

    Почна пријавувањето за упис во средните училишта – Над 25.000 слободни места

    12.06.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.