Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk.
Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни,
а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 и 17 јуни.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштата треба да ја објават на 18 јуни.
Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни. Третото пријавување е на 20 август.
Конкурсот со слободните места и јавните средни училишта учениците можат да го најдат на следниот линк: https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi- mon/konkurs-za-zapisuvanje-ucenici-vo-javnite-sredni-ucilista-za-ucebnata-20262027- godina-vo-republika-severna-makedonija.
За учениците од голема помош при изборот, може да биде онлајн водичот за квалификации – https://kvalifikacii.crso.gov.mk/ , кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат.
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
- Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
- Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
- Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
- 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
- „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио

