Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Парламентарни избори ќе има „многу скоро“

    Мицкоски: Парламентарни избори ќе има „многу скоро“

    11.06.2026 во 13:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Парламентарни избори во земјава ќе има „многу скоро“, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, без притоа да прецизира конкретен датум или термин за нивно одржување. Тој порача дека иако владината коалиција преферира редовен термин, тие се целосно подготвени да излезат на терен во секој момент доколку тоа го побара опозицијата.

    Премиерот одговараше на новинарски прашања при денешното пуштање во употреба на спортската сала „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода.

    Прашан за тоа дали се планираат предвремени избори во 2027 година или пак ќе се чека редовниот термин во 2028 година, тој ја образложи партиската и владината позиција.

    „Политички умно е кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени за било какви сценарија. Ние сме кажале дека нашата опција која ја преферираме како Влада се редовни избори во 2028 година, но сме подготвени ако опозицијата побара да излеземе на терен и да победиме“, изјави Мицкоски.

    Покрај изборниот циклус, Мицкоски најави и почеток на внатрешни процеси во владината коалиција кои се однесуваат на идна кадровска реорганизација.

    Премиерот соопшти дека разговорите со коалиционите партнери околу евентуалната реконструкција на Владата ќе започнат веќе од следната недела.

    „Најпрво сакам да ја слушнам визијата, да видиме дали таа се поклопува, па дури потоа можеме да звориме за кадровски решенија“, додаде Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.