Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени

    Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени

    11.06.2026 во 12:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Оперативниот план за вработување за 2026 година предвидува вкупен опфат на над 10.000 лица и има за цел отворање нови работни места и намалување на стапката на невработеност во земјава. Ова денеска на прес-конференција го соопшти пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, потенцирајќи дека планот претставува значаен чекор за зајакнување на домашната економија.

    Панова истакна дека буџетот на овој оперативен план изнесува скоро 40 милиони евра, при што најголемиот дел од финансиите оди директно за поддршка при вработувањето.

    „Главен приоритет е отворањето нови работни места, при што предвидени се повеќе од 32 милиони евра коишто се директно наменети за таа цел. Младите повторно се во фокусот, а според Оперативниот план за оваа година, најголем дел од средствата се насочени кон лицата до 29 години. Севкупно, Оперативниот план за 2026 година предвидува вклучување на речиси 6.000 млади лица до 29 години“, изјави Панова.

    Според нејзините зборови, за младите до 23 години кои ќе се вработат во производниот сектор се предвидува посебна финансиска стимулација, како и дополнителни обуки и практикантство со цел полесно прилагодување на пазарот на труд.

    Таа ги образложи и конкретните очекувања од клучните програми кои се дел од овој годишен план.

    „Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, додека со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се предвидува поддршка за повеќе од 3.500 лица“, нагласи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

    Панова направи и компарација со претходната година, посочувајќи дека таргетираните мерки за младите веќе дале резултати во отворањето на нови правни субјекти, додавајќи дека актуелната Влада продолжува да работи на подобрување на животниот стандард и условите за бизнис.

    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.