Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ

    Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ

    11.06.2026 во 11:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

    Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на реформите, модернизацијата на институциите и подготовката на државата за полноправно членство во Европската Унија.

    „Европската интеграција е наша стратешка определба и визија за иднината. Реформите што ги спроведуваме не се само дел од пристапниот процес, туку инвестиција во посилни институции, поконкурентна економија и подобар квалитет на живот за нашите граѓани“, истакна Сали.

    Тој ја нагласи континуираната поддршка од Европската Унија и оцени дека во услови на нов политички моментум за проширувањето на ЕУ, државата треба да продолжи со конкретни резултати и одржливи реформи.

    На состанокот се разговараше за напредокот во спроведувањето на програмите ИПА II и ИПА III, предизвиците во реализацијата на проектите, како и приоритетите за претстојниот период. Посебно внимание беше посветено на програмите во областа на транспортот, животната средина, човечкиот капитал и економскиот развој.

    Министерот Сали нагласи дека Владата останува посветена на зајакнување на административните капацитети, подобрување на меѓуинституционалната координација и поефикасно искористување на европските фондови, со цел поддршката од ЕУ да се претвори во конкретни придобивки за граѓаните.

    На крајот, тој упати благодарност до Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија во Скопје и земјите-членки за континуираната поддршка и партнерство во европската интеграција на Северна Македонија.

    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.