Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија
    • (ВИДЕО) Петрушевски: Владата носи инвестиции од Вашингтон
    • Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокус
    • Алармантна состојба во северна Етиопија: ОН загрижени поради заземањето на три аеродроми во Тиграј
    • Наутро минус, потоа сонце: УХМР ги измери температурите и најави силно невреме
    • Русин преживеал вистински хорор: Ѕвер од 200 кг му ги кршел ребрата
    • Холандскиот јавен сервис потврди: Холандија повторно на евровизиската сцена во мај 2027 година
    • Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари

    Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари

    11.06.2026 во 11:182 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против лице со иницијали С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот законик.

    Како што информираат од Финансиската полиција, пријавениот, во својство на управител на правното лице, свесно и со намера ги повредил прописите поврзани со реализацијата на проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, за кој во 2023 година бил склучен договор со Министерството за финансии – Сектор за централно финансирање и склучување на договори, во рамки на Секторската оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014–2020).

    Според соопштението, иако бил обврзан во текот на реализацијата на договорот да обезбеди важечка банкарска гаранција и да достави барање за одобрување на подизведувачи до договорниот орган, пријавениот не постапил согласно обврските. Наместо тоа, тој го прикрил стечајот на азербејџанската банка „Muganbank“, која била издавач на банкарската гаранција, со што не ја открил околноста дека гаранцијата повеќе не е валидна.

    Дополнително, како што се наведува, биле ангажирани подизведувачи без претходно одобрение од Министерството за финансии и надзорниот орган, со што биле прекршени договорните обврски и условите за реализација на проектот, поради што договорот подоцна бил раскинат.

    Од Финансиската полиција посочуваат дека со овие дејствија е предизвикана штета на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 127.425.036 денари, како и штета по основ на загубени ИПА средства во висина од 9.474.132 евра, кои државата ќе треба да ги надомести од сопствени средства.

    Featured Just In
    Прочитај повеќе

    Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокус

    24.09.2026 во 11:26

    Наутро минус, потоа сонце: УХМР ги измери температурите и најави силно невреме

    24.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.