Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Новооснована фирма добила милионски договори во Чаир

    ДУИ: Новооснована фирма добила милионски договори во Чаир

    11.06.2026 во 09:383 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите, се наведува во партиското соопштение.

    Ви го пренесуваме текстот интегрално:

    Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир.

    Според достапните податоци, компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД ДООЕЛ, основана на 10 јули 2024 година, успеала за исклучително краток временски период да обезбеди четири договори од Општина Чаир во вкупна вредност од 3.462.665 евра.

    Договор бр. 1 – 88.433.315 денари (околу 1,44 милиони евра)

    Договор бр. 2 – 59.861.572 денари (околу 973 илјади евра)

    Договор бр. 3 – 61.138.706 денари (околу 994 илјади евра)

    Договор бр. 4 – 3.520.412 денари (над 57 илјади евра)

    Вкупно: 212.954.005 денари или 3.462.665 евра јавни пари од Општина Чаир.

    Уште позагрижувачки е фактот што станува збор за компанија која е основана само неколку месеци пред да започне да добива милионски договори од Општина Чаир.

    Особено индикативен е фактот што овие договори не се склучени во рамките на еден политички период.

    Два од нив се потпишани во мандатот на Висар Ганиу, додека другите два се склучени во периодот кога политичките структури на Изет Меџити ја контролираат општината. Ова отвора сериозни сомнежи дека не станува збор за изолиран случај, туку за континуитет на истиот модел на функционирање и на истите кругови на интерес.

    Случајот станува уште поинтересен кога ќе се погледнат податоците за адресата на компанијата.

    Според документите, седиштето на компанијата е регистрирано на улица „Дижонска“ бр. 5/х во Чаир. Достапната документација покажува дека станува збор за приватна адреса на живеење, а на истата адреса се регистрирани и други деловни субјекти поврзани со лица од истото семејство. Овие факти сами по себе не претставуваат доказ за незаконитост, но претставуваат повеќе од доволна причина за целосна институционална проверка.

    Пред овие факти, граѓаните имаат право да бараат одговори:

    Како компанија основана во 2024 година успеала да добие над 3,4 милиони евра јавни средства?
    Кои биле нејзините реални референци и капацитети во моментот кога ги добила овие договори?
    Кој ја проверил исполнетоста на условите за овие постапки?
    Дали биле проверени евентуални деловни, семејни и политички врски кои можеле да влијаат врз доделувањето на овие договори?
    Зошто институциите продолжуваат да молчат пред случаи кои во секоја функционална демократија би заслужувале итна истрага?
    Особено загрижува фактот што речиси секоја афера која излегува во јавноста од Чаир поминува без сериозна институционална реакција.

    Кога институциите молчат пред основани сомнежи за злоупотреба на јавните средства, се создава впечаток дека борбата против корупцијата не се води според законот, туку според политичките потреби на власта.

    Затоа ДУИ бара од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство веднаш да ги проверат сите околности поврзани со овие договори и јавно да ги објават своите наоди.

    Истовремено, ДУИ ќе ги информира Делегацијата на Европската Унија, Европската комисија, европратениците и меѓународните партнери за институционалното непостапување пред сериозни сомнежи за корупција во Чаир.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.