Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени

    Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени

    11.06.2026 во 08:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието на Република Северна Македонија денеска ја продолжува 104-тата седница, при што пратениците ќе расправаат по точките утврдени на дневниот ред.

    На седницата се предвидени повеќе предлог-одлуки за избори и именувања во различни институции и тела, меѓу кои избор на член во Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Судскиот совет.

    Пред пратениците се и предлог-одлуки за измени во составите на собраниските комисии и пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави, како и одлука за објавување јавен оглас за избор на членови во Советот за граѓански надзор.

    Во рамки на дневниот ред ќе се разгледуваат и повеќе законски решенија во прво читање, меѓу кои предлог-законите за парнична постапка, судска и јавнообвинителска служба, соодветна и правична застапеност, игрите на среќа, како и измени на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ДДВ и возила.

    Пратениците ќе расправаат и по повеќе законски предлози по скратена постапка кои се однесуваат на области како управување со конфискуван имот, електронски комуникации, судство, градежништво, енергетска ефикасност, угостителство, земјоделство и урбанистичко планирање.

    Меѓу точките е и предлог-кодексот за етичко однесување на пратениците, како и измените и дополнувањата на Стратегијата за регионален развој 2021–2031 година.

    Just In
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.