Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања

    Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања

    11.06.2026 во 08:001 Min Read
    Кабинет на претседател
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Мора да продолжиме со дијалогот и за најчувствителните теми“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во објава на социјалните мрежи по средбата со бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Средбата се одржа на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.

    Како што посочи Сиљановска-Давкова, главна тема на разговорот биле предизвиците во билатералните односи меѓу двете земји, особено прашањата поврзани со македонскиот евроинтеграциски процес.

    „Разменивме различни гледишта околу можните решенија за отворање на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија“, наведе претседателката.

    Таа ја нагласила и потребата од поинтензивна соработка и комуникација меѓу образовните институции, универзитетите, научните и културните организации, граѓанскиот сектор и граѓаните, со цел надминување на предрасудите и поттикнување на меѓусебното разбирање.

    Сиљановска-Давкова ја истакнала и важноста од почитување и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, посочувајќи дека тоа е обврска на сите земји членки на Советот на Европа.

    „Треба да продолжиме да разговараме и за тешките прашања“, порача претседателката.

    Top News Бугарија Влада уставни измени
    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.