Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор

    Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор

    10.06.2026 во 21:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница истакна дека за СДС е непоимливо некој кој се огрешил пред законот, а при тоа е функционер, да одговара за сторениот криминал, бидејќи челниците на политичката партија која инфлагранти беше фатена во криминал и којашто доби поразителни 150.000 гласа од граѓаните, си ги оставила на слобода наместо во затвор.

    „На вас ви е чудно, а како и нема да ви биде кога тој којшто е најголем крадец од сите, ене го во Струмица недопрен, а вториот ви е лидер на партија. Затоа на вас ви е чудно кога некој ќе ви каже дека фатил некого и го однел во затвор да одговара затоа што крадел“, рече Стојаноски.

    Пратеникот Стојаноски истакна дека Трипуновски стана министер во јуни 2024, а во 2025 година во октомври имаше локални избори, на коишто, како што кажа тој, секаде каде што имаше барем еден земјоделец, СДС ги изгуби изборите.

    „Тој што го нема сега во салата, што вашата партија го намести да поднесе интерпелација, па што праќа пораки, еј немојте многу да ме критикувате, затоа што има девет кривични пријави, таму, каде што толку беше неспособен што не го ни ставивте носител во 2024 година, втор беше. Толку е неспособен што втор го ставија, не го ставија носител министер за земјоделие. Секаде каде што живее земјоделец во државата ги загубивте изборите, една општина кажете ми каде што не е така. Епа сега кој е во право? Вие сте во право со вашето поведение како партија или луѓево коишто гласале?“, кажа Стојаноски и додаде:

    „Да има во оваа држава обвинители коишто се реални, а не како оние коишто го поништуваат МАЗУТ, не како оние коишто вчера оној што ви беше потпретседател го пуштаат од Шутка со гаранција, сега веќе кога го заврши експозето министерот требаше да има комбе и да го спроведе Николовски во Истражниот затвор Шутка за тоа што го направил“.

    Прочитај повеќе

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.