Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа

    10.06.2026 во 10:53

    Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра

    10.06.2026 во 10:52

    ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената

    10.06.2026 во 10:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа

    Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа

    10.06.2026 во 10:534 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерка за образование и наука, Весна Јаневска, упати честитка по повод крајот на учебната година.

    -Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на образовниот систем, стои во честитката на министерката.

    На сите основци и средношколци им честита за постигнатите успеси.

    -Им посакувам убав летен распуст, исполнет со одмор, дружење и незаборавни спомени. Верувам дека ќе одвојат време и за литература, за стекнување нови знаења и за развој на личните вештини. Компјутерите и дигиталните алатки што им се достапни нека ги користат мудро за учење, истражување и откривање нови можности. Наставниците се и остануваат најважниот столб на квалитетното образование. Со голема посветеност и професионалност ја реализираа наставата и им го пренесуваа знаењето на своите ученици на најдобар можен начин. За дополнително да ја поттикнеме нивната мотивација и креативност, донесовме одлука за ново зголемување на платите за 7,5 проценти, со што кумулативниот раст во последните две години надминува 20 проценти. Паралелно вложувавме во подобрување на условите за настава и работа, но и во создавање можности за професионален и кариерен развој. Реализиравме нови повици за напредување на наставниците и стручните соработници во звања ментор и советник во основното образование, а за првпат оваа можност се обезбеди и во средното образование, вели таа.

    Според неа, важно е да останат партнери и во иднина. Уверена е дека заеднички ќе ги реализираат сите цели и активности предвидени со Реформската агенда.

    -Посебна благодарност упатувам и до родителите и старателите. Нивната посветеност и грижа најдобро се препознаваат преку развојот и однесувањето на децата. Во следната учебна година очекувам уште поголема проактивност и соработка, особено во справувањето со предизвикот на врсничкото насилство. Секој од нас има подеднакво важна улога во создавањето безбедна, мирна и поттикнувачка училишна средина. Пред Министерството за образование и наука претстои работно лето. Во тек се повеќе значајни процеси на кои сме целосно посветени – реализацијата на државната матура, уписите во средното образование, набавката на нови учебници, изработката на нови наставни програми, забрзувањето на дигитализацијата, како и завршувањето на повеќе инфраструктурни инвестиции. Задоволни од досега сработеното, продолжуваме мотивирано и посветено да создаваме уште подобри услови за успешна учебна 2026/2027 година. На сите ви посакувам добро здравје, среќа и пријатен летен распуст, стои во честитката.

    Инаку, за повеќе од 14.500 матуранти наставата заврши на 15 мај. Утре, на 11 јуни, учениците кои се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик – македонски, албански, турски или српски. Кандидатите за државна стручна и државна уметничка матура испитот ќе го полагаат на 12 јуни, додека изборниот екстерен предмет го полагаа на 6 јуни.

    Од вкупно 14.587 пријавени ученици, 12.184 ќе полагаат државна матура, 2.276 се пријавени за државна стручна матура, а 127 за државна уметничка матура.

    Во меѓувреме, полуматурантите ги очекуваат уписите во средните училишта. Пријавувањето ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со најава преку корисничките сметки на schools.mk, по што кандидатите ќе треба да ја достават потребната документација во училиштата каде што конкурираат.

    Во јунскиот уписен рок се предвидени две електронски пријавувања – од 12 до 15 јуни и на 23 јуни. Во августовскиот рок ќе има едно пријавување, кое ќе се реализира на 20 август.

    Според конкурсот на Министерството за образование и наука, за учебната 2026/2027 година се обезбедени над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта низ државата. Повеќе од 17.000 места се наменети за стручно образование, речиси 6.000 за гимназиско образование, а 570 за уметничките училишта.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената

    10.06.2026 во 10:47

    Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска

    10.06.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.