Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување, се вели во соопштението од СДСМ.

    Ви го пренесуваме текстот интегрално:

    Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е и поддршката за тутунот, од 100 на 80 денари за прва класа. Укинати се низа мерки кои директно ги поддржуваа малите земјоделци, лозарите и оризопроизводителите.

    Земјоделците не се соочуваат само со намалени, туку и со неисплатени субвенции. 

    Илјадници сточари, житопроизводители, градинари и други производители сè уште ги чекаат средствата кои им следуваат, додека производните трошоци секојдневно растат.

    Во меѓувреме, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти. Тоа е директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот.

    Сточарите протестираат поради доцнењето на субвенциите и поради намалените откупни цени на млекото. Млекарниците во повеќе наврати ги намалија откупните цени, а Владата остана нем набљудувач. 

    Житопроизводителите влегуваат во жетва без позната откупна цена и без исплатени субвенции. 

    Лозарите се оставени во неизвесност поради непочитување на законските обврски за утврдување на производна цена на грозјето. Оризопроизводителите останаа без значајни мерки за поддршка, а цената на оризовата арпа е драматично намалена.

    Дополнително, Владата ги поништи повиците за набавка на трактори, механизација и друга опрема преку Програмата за рурален развој. Укинати се или стопирани мерки кои со години им помагаа на земјоделците да инвестираат и да го модернизираат своето производство.

    На сето ова се надоврзуваат и сериозните корупциски скандали во секторот. Јавноста беше сведок на скандалото со ИПАРД програмата и митото од 50 илјади евра. 

    Затоа политичката одговорност не смее да се избегне и СДСМ поднесе интереплација за Цветан Трипуновски.

    Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    Викендот почнува со сонце: УХМР ја објави прогнозата за утре

    18.09.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.